fbpx

Со мерката зелена нафта, над 1.500 земјоделци од штипскиот регион ќе набавуваат за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Ленче Рунтева, членка на Комисија за земјоделие при ОО СДСМ Штип

 

Почитувани граѓани на Штип, почитувани земјоделци,

Владата предводена од СДСМ ги слуша потребите на земјоделците и создава амбиент за тие да имаат рентабилно и конкурентно производство. Го исполнуваме предизборното ветување кон нив.

Со најновата мерка на владата – Зелена нафта, се овозможува огромно олеснување на земјоделците во производството на земјоделските производи. Со мерката Зелена нафта, земјоделските производители добиваат субвенции за користење на нафта, со што ќе се зголеми ефикасноста во производството, ќе се намалат трошоците, а со тоа и земјоделските производи ќе бидат поконкурентни на пазарот.

Мерката предвидува 30% пониска цена за евродизел за земјоделската механизација. Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци на државно ниво, од кои 1.595 од штипскиот и карбинскиот регион.

Мерката Зелена нафта се воведува за прв пат и тоа во првата половина од мандатот на Владата. Во штипскиот и карбинскиот регион, до сега се доделени над 300 картички за користење на зелена нафта на земјоделски производители кои имаат аплицирано за субвенции во 2018 година.

Оваа Влада предводена од СДСМ прави многу за земјоделците.

Со измените на законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна распределба и го враќаме целокупното обработливо земјиште кај вистинските земјоделци.

-Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина 3 години;

-Пчеларите ќе можат да добијат државно земјоделско земјиште;

-Овозможуваме изградба на објекти за промоција на земјоделски производи и спортско рекреативно објекти;

Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го слуша гласот на земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари за земјоделците.

Парите се враќаат назад кон граѓаните!

За нас зборот важи!

 

 

Последни вести