fbpx

Се реализира мерката „зелена нафта“, 200 милиони денари завршуваат кај земјодлеците

Facebook
Twitter
LinkedIn
Сашко Петров
портпарол на ОО СДСМ Кавадарци 
 

Почитувани Претставници на медиумите,

Почитувани земјоделци,

Почитувани сограѓани,

Ветивме повеќе пари кај Вас граѓаните,

Ветивме повеќе пари кај Вас земјоделците,

Веќе 10 (десет) години Вие земјоделците од сите краеви на државата барате поефтина нафта, (зелена нафта).

После десет години манипулација на обичниот земјоделец, со воведување на мерката “ЗЕЛЕНА НАФТА за секој земјоделец“ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и  Владата на Република Северна Македонија на чело со Премиерот Зоран Заев, конечно земјоделците ќе ја добијат долгоочекуваната поефтина нафта.

Со мерката “Зелена Нафта за секој земјоделец“ дирекно ќе се вратат во џебовите на граѓаните дополнителни 200 милиони денари. Преку мерката ќе бидат опфатени околу 55 илјади земјоделци кои имаат градинарски, полјоделски култури, како и овошни и лозови насади.

Со мерката “Зелена Нафта за секој земјоделец“  или “Поефтина нафта за секој земјоделец“ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија, ќе се намалат производствените трошоци на земјоделските производи, што ќе се отвори можност тие средства да ги искористат за свои дополнителни потреби, но исто така ќе се отвори и можност за поголема конкурентност на земјоделските производи на домашните и странските пазари.

Со оваа мерка ја покажуваме грижата како Влада за вистинскиот земјоделец.

Тоа што Ви го ветивме и го остваривме!

Зборот е Збор!

Зборот Важи!

Последни вести