Прес конференција, Бетиане Китев, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во сферата на медиумите.
Претседателот на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски упорно не свикува седница на Комисијата.
Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува роковите за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.
На тој начин, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења, кои се спротивни на целите на законот и кои, во никој случај нема да се случат.
Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во ААВМУ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше земјава.
Еден од нив е Зоран Трајчевски, директорот на ААВМУ и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром кој вчера ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Мнистерството за внатрешни работи.
Како одговорна партија, бараме законот да се почитува и веднаш да се свика Комисијата за избори и именувања.
Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.
Состојбата во МРТВ, е единствена критика од Извештајот на Европската комисија и обврска на сите е да се обезбеди независен и професионален Национален сервис.
Потребата од реформи во јавниот сервис е јасно нотирана и во извештајот на Репортери без граници.
Професионализацијата на ААВМУ и МРТ е од особено значење за рефомата на медиумите и унапредување на демократските вредности.
Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.
Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните.