fbpx

Зеќири: Јавноста бара одговори, Џафери треба да објасни дали свесно калкулирал за одлуката за одземање на имунитетот на Вељаноски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ и пратеник
Скопје, 25.02.2019

Почитувани медиуми, почитувана јавност,

Категорично ги отфрлам тврдењата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека јас сум бил причината зошто тој не успеал до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневниот ред.

Воопшто немало ситуација којашто наликува на потребата од прекинување на седницата.

Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници коишто биле далеку по тензични, од таа синоќа.

Во ниту еден момент немаше директни навреди од моја страна упатени кон него.

Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, Талат Џафери не може да ја префрла на други.

Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на Судот непречено да ги продолжи своите процеси.

Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата.

Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи.

27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат.

СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група – правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.

Јавноста бара одговори, дали се калкулирало синоќа или не, а претседателот Талат Џафери треба да одговори, а не да калкулира како што тоа го направи на својата прес конференција.

Последни вести