Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 21.02.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Христијан Мицкоски и Никола Груевски.
Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осимничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април.
Медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ денеска синхронизирано пласираа голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од ова сценарио.
Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа. Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот.
СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка. Нема толеранција за било какво насилство.
Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски.
Очекуваме сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.
Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните.
Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има.