fbpx

Мицкоски поднесе иницијатива за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,

Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

Скопје, 28.01.2019

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари

Иницијативата за распуштање на Собранието, всушност е иницијатива на Христијан Мицкоски за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури ниту самиот Мицкоски не знае колку од неговите сопартијци и пратеници ќе го поддржат.

Антизападниот Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ и таа паника ја крие со вакви чекори.

Тој нема капацитет да понуди ништо добро за граѓаните и државата освен деструкција и блокади.

Мицкоски не постапува и не размислува ниту државнички ниту одговорно. Тој е посветен само само на својот и интересот на неговите антизападни ментори.

Владата предводена од СДСМ влегува во економски поход.

На агендата се силна економија, инвестиции, поврат на ДДВ кон граѓаните, повисоки плати, подобар животен стандард, нови работни места.

Влада која сите свои капацитети ги вложува во економија и напредок, која создава шанса за сите не размислува за оставка туку за доброто на граѓаните.

Мицкоски го чека пораз на следните избори и може уште сега да размислува само за сопствената оставка.

СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и затоа ќе победи на претседателските избори, ќе победи и на парламентарните, кога и да се одржат.

Последни вести