fbpx

Сите пратеници да го поддржат одложувањето на Законот за трговија на зелените пазари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,

Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ и коалицијата

Скопје, 28.01.2019

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Предлогот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата да се одложат спорните одредби од Законот за трговија на зелените пазари за една година, со единствена цел да се најде соодветно и достоинствено решение ќе биде ставено на денешната собраниска седница.

Верувам дека сите пратенички групи ќе го поддржат овој предлог  и преку заеднички консултации со сите засегнати страни ќе дојдеме до одржливо решение во интерес на сите.

СДСМ иницираше одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време преку широк процес на консултации и дебата, да се дојде до заедничко решение. По усвојувањето на овие законски измени, како пратеничка група почнуваме процес на консултации со сите засегнати страни.

Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија.

Последни вести