fbpx

Велковски: Пратеничката група на СДСМ ќе бара одложување на законските измени за пазарџиите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,
Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата,
Скопје, 19.01.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ со внимание ги следи реакциите кои произлегоа од законските измени што ги засегаат граѓаните кои остваруваат трговска дејност на пазарите.

Затоа, пратеничката група на СДСМ ќе бара и ќе се залага за одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија.

Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.

Последни вести