Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ
Битола, 19.01.2019
Драги пријатели, почитувани граѓани
Ми претставува особена чест и задоволство што денеска, на овој голем ден за православните христијани сум помеѓу моите сограѓани, помеѓу православните верниците од Битола.
Денешниот голем ден, Богојавление – Водици, во себе ја носи симболиката на новото раѓање, на новите почетоци, испраќа порака на заедништво, меѓусебно помагање и почитување.
Ние како граѓани и како општество, имаме една заедничка заложба, но и обврска да ги почитуваме овие вредности, затоа што истите не држат обединети, тие не водат напред и истите испраѓаат силна порака и влеваат доверба кон она што е чесно и она што е исправно.
На православните верници им го честитам големиот христијански празник Богојавление –Водици и им пожелувам добро здравје, семеен спокој и духовен мир.
Бог се јави, за многу години.