fbpx

Нови 9,6 милиони евра за поддршка на земјоделството преку ИПАРД 2, поддршката за аграрот продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Гоце Георгиевски, претседател на комисијата за земјоделие, шумарство и водостопанство на СДСМ

Почитувани,

СДСМ продолжува со конкретна помош на земјоделците и земјоделството како клучна стопанска гранка во нашата држава.

Отворен е нов повик од Програмата ИПАРД 2, односно јавен повик за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ со што во наредниот период на микро и малите претпријатија на располагање им се 9,6 милиони евра за реализација на инвестиции во повеќе сектори.

Главна цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.

Како корисници на мерка 7 прифатливи се и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија.

Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативното земјоделско производство, инвестиции во производство на прехранбени и не-прехрамбени производи, инвестиции во занаетчиските дејности, инвестиции во услуги за руралното население и инвестициите во руралниот туризам.

Вкупниот буџет за оваа мерка е 9,6 милиони евра, од кои 75 отсто од средствата се обезедени од ЕУ фондови, а 25 отсто е национално, државно ко-финансирање. Повикот трае до 22 август, а сите детали се објавени на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Со реализацијата на овој јавен повик, целосно ќе ги искористиме средствата кои ни се располагање од ИПАРД 2 програмата, со што како држава ќе останеме на лидерското место меѓу земјите од Западен Балкан во искористливост на средствата од ИПАРД.

Средствата од овој повик, но и од целата ИПАРД 2 програма имаат силно, позитивно влијание врз развојот на постојните, но и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се главните двигатели на домашната економија.

 

Последни вести