fbpx

Исправаме долгогодишна неправда, уште 1.100 стечајци ќе добиваат месечен финансиски надомест

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ како одговорна партија континуирано ги решава проблемите на граѓаните, го враќа достоинството и гради фер и праведно општество.

Владата ги усвои измените на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со предложените измени уште 1.100 стечајци ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година.

СДСМ од 2017 година, во неколку наврати, обезбеди финансиски надомест за невработените лица чијшто работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците.

Со новите измени бројот на лицата, кои ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање ќе се зголеми на речиси 13.000.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги игнорираше и злоупотребуваше проблемите на стечајците, ние ги решаваме нивните проблеми.

Исправаме долгогодишна неправда нанесена кон наши сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечни примања.

Продолжуваме посветено да креираме и да реализираме мерки и политики, со кои обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот на сите граѓани.

Благодарам

Последни вести