Прес-конференција на СДСМ, Коле Чаракчиев, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
СДСМ е силно посветен на реализација на капитални инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните.
Како никогаш досега се инвестира во развој на патната инфраструктура низ целата држава.
За првпат по 50 години се реконструира патот преку Националниот парк Галичица кој ги поврзува Охрид и Преспа.
Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри, по што продолжува и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучок на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри.
Завршена е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“ во должина од 5,5 километри, во вредност од 36 милиони денари.
Дека се инвестира во секој дел од државата потврда се капиталните инфраструктурни проекти кои се реализираат и во македонскиот Исток.
Рехабилитиран и пуштен во употреба е регионалниот пат Крупиште – Пробиштип во должина од 18 километри.
Го довршивме автопатот Миладиновци – Штип кој добро знаете како беше оставен и незавршен, нефункционален без тегнички прием и пуштање во употреба.
Ја изградивме првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште, ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, во вкупна должина од 40.5 км, а во септември очекуваме да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш. Вкупна сума на овој проект е над 46 милиони евра.
Владата предводена од СДСМ вложува преку една милијарда евра за подобрување на патната инфраструктура низ целата држава со цел граѓаните да возат побезбедни и модерни патишта.
Тоа е влог во регионалниот развој, но и силна поддршка на севкупниот економски раст во државата.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на капитални проекти кој значат развој на општините и регионите, побрза комуникација и сообраќај, побезбеден транспорт на индустриски и земјоделски производи како и луѓе.
Благодарам