Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани,
Новата коалиција на Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши е “Од немај каде” коалиција која е од напред осудена на пропаст и пораз.
Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“.
Мицкоски денес коалицира со Зијадин Села, човекот кој велеше дека „Македонците се варвари и канибали“, со истиот Села кого сопартијците на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа животозагрозувачки повреди на 27 април.
Мицкоски за оние кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници меѓу кои и Села, организирапше протести за нивна одбрана, а осудените за 27 април до ден денес ги нарекува „уставобранители и чесни луѓе“.
Дали ли Мицкоски на Села и Гаши им кажа дека сака поништување на Договорот од Преспа? Дека е против Законот за јазици?
Мицкоски е политичар без став, принуден да прави коалиции со оние кои најмногу ги мрази и тој, а и неговото тврдо партиско членство.
Ваквите принудни коалиции се однапред осудени на пропаст, затоа што граѓаните знаат и паметат како овие три партии функционираа во овие години.
Залудни се обидите на Мицкоски преку вештачки, провидни коалиции да прикаже наводна промена во ВМРО-ДПМНЕ. Во опозициската партија се уште е силно присутна режимско насилничката матрица и затоа на 17 октомври ги чека нов изборен пораз, седми по ред.