fbpx

Еве го Мицкоски на дело, подмолно ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Ако до сега некој се сомневаше, еве го Христијан Мицкоски на дело како се обидува на подмолен начин, без трошка совест, да ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово во политички цели.

Еднакво подмолно е што Мицковски се става во улога на истражител, вештак, обвинител и судија и онака од ракав става на маса факти кои немаат допирна точка со реалноста.

Внимавајте, сето ова Мицкоски не го прави затоа што е загрижен, затоа што му е жал за загубата на човечки животи, туку бескрупулозно се бори за гола власт. Ништо друго.

Вакво ниско ниво на политичка култура, неприземно, некрофилско и деструктивно однесување не се памети. Мицкоски е трговец со човечки судбини. Без око да му трепне трампа загубени души за гласови. Мицкоски има морал, совест и образ еднаков на НУЛА.

Граѓаните затоа ќе му испорачаат уште еден голем пораз на претстојните локални избори.

Бидејќи препознаваат дека неговото единствено мото е колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за него и режимското ДПМНЕ!

 

Последни вести