fbpx

Институциите да постапат по скандалот со парцелите на човек близок до Трпковски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Вчера објавивме како еден близок човек до градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски за краток период стекнал сопственост на различни парцели во Долно Соње, општина Сопиште.

Еве дел од тие 28 имотни листови кои покажуваат дека човекот близок до Трпковски во своја сопственост има над 30.000 метри квадратни земјиште во Долно Соње.

Денеска, ги повикуваме надлежните институции да постапат по допрен глас и да испитаат дали и каква позадина има во овој случај?

Овој скандал со парцели води директно кон градоначалникот Трпковски, прво затоа што парцелите ги купил негов близок човек и второ затоа што сите тие се наоѓаат на територија на општина Сопиште.

Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначалник Трпковски за краток временски период да купи над 30.000 метри квадратни земјиште и дали овде станува збор за дил ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?

Наместо по социјалните мрежи напразно да се заканува со тужби, Трпковски треба да излезе пред јавноста и да одговори:

Како негов близок за само неколку години станал сопственик на илјадници метри квадратни земјиште?

Која е неговата улога во овој скандал со „парцели во Долно Соње“ од 30.000 метри квадратни?

Јавноста чека одговори од Трпковски и постапување од страна на надлежните институции.

Ви благодарам