Изјава за медиуми, Оливер Тоновски, кандидат за член на Советот на Општина Аеродром
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Општина Центар ја активираше банкарската гаранција кон фирмата „Амадеус девелопмент“ за изградбата на шпанските скали кои требаше да се градат овде на плоштадот.
Активирањето на гаранцијата доаѓа откако фирмата не ги исполнила своите обврски согласно дадените рокови во Договорот односно не почнале изградба на објектот најдоцна до 12 август 2017, ниту го изградиле објектот најдоцна до 12 август 2021 година.
Согласно договорот, ако купувачот не исполни дел од обврските од договорот и не ги испочитува роковите, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар.
На овој начин во Буџетот на општина Центар влегуваат над шест милиони денари или 100.000 евра, пари од банкарската гаранција.
Овие 100.000 евра ќе бидат искористени за нови проекти важни за граѓаните на нашата општина.
Почитувани, ја заштитивме оваа парцела од налудничавиот проект Скопје 2014 и скалите кои немаа никаква намена освен да го сокријат влезот на Градскиот трговски центар.
Продолжуваме да работиме одговорно, домаќински и посветено за Центар.