fbpx

Шилегов: Проектите што зад себе ги оставивме не може никој да ги избрише, благодарност до граѓаните, честитки до победничката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје

Почитувани граѓани, драги скопјани и скопјанки, 

Дозволете ми најпрво да ви честитам на денешниот избор, да и честитам на г-ѓа Арсовска за изборот. 

Благодарност до сите граѓани, благодарност до до сите активисти кои што во изминатиов период во  кампањата несомнено дадоа поддршка и на големиот одзив, благодарност на моето семејство, благодарност на прекрасната екипа со која што изминавме 4 години  во Скопје, во кое што оставивме неизбришливи трагови , нашите булевари, нашите мостови , нашите кејови, зелени кровови кои што веќе никој нема да може  да ги избрише. 

Драго ми е што Скопје го оставивме во позиција да едноставно неговиот развој мора да помине . 

Ние ќе бидеме тука и понатаму за сите прогресивни сили во Скопје, да ја продолжиме борбата за Скопје да продолжи да расте како развиен и модерен град.

Нема да дозволиме да ни се случи силување на градот како во минатото и едноставно на крајот на овој мандат или на крајот на мандатот кој што ми беше доверен во 2017 година. 

Мислам дека успеавме заедно Скопје да го свртиме во еден обратен правец од кој што веќе враќање назад ќе нема. 

Последни вести