Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Прашање: Како го коментирате барањето на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори?
Одговор: Како што кажавме и во оваа прес-конференција Мицкоски треба да излезе пред граѓаните да им се извини и да даде оставка. Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните после толку кажани лаги. Сега не е време за избори, време е за одговорност бидејќи сме соочени пред многу предизвици како што е енергетската криза, живеачката на граѓаните, пандемијата, продолжување на патот кон ЕУ, и токму затоа време е за одговорност и не е време за брзи и предвремени избори.