Одговор на новинарско прашање, Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ и советник во Советот на Град Скопје
Прашање: На нашата е маил адреса пристигнаа прашања од неколку медиуми, а се на иста тема. Како го коментирате барањето на Христијан Мицкоски за техничка влада во март и организирање на избори во јуни?
Одговор: Имаме стабилно мнозинство токму со влегувањето на Алтернатива во коалицијата, следува избор на нова Влада со мандат до 2024 година, Влада којашто ќе биде посветена на справување со проблемите на граѓаните, Влада којашто ќе се посвети на справување со глобалната економска и здравствена криза, оттука сметаме дека фактот што имаме стабилно мнозинство говори за тоа дека немаме потреба од никакви технички влади ниту пак од предвремени избори.