fbpx

Пониски сметки за струја до 800 денари за околу 7.500 семејства со ниски примања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ преку институциите што ги предводи е посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории.

Објавен е јавен оглас за доделување на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година, за која се обезбедени 60 милиони денари.

Со оваа поддршка месечната сметка за потрошена електрична енергија се намалува за 600 до 800 денари.

На јавниот повик може да се пријават сите, чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30 000 денари и тоа:

За самец до 15 194 денари, за домаќинство со два члена до 18 000 денари, за домаќинство со три члена до 21 000 денари, за домаќинство со четири члена до 25 000 денари и за домаќинство со пет и повеќе членови до 30 000 денари.

Финансиската поддршка, се доделува на месечно ниво по корисник, во времетраење од 12 месеци.

Проценките се дека со оваа мерка ќе се опфатат над 7 500 домаќинства, а повикот на министерството за економија е отворен 30 дена.

Ги повикуваме сите граѓани кои ги исполнуваат условите да се пријават за да добијат субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки за надминување на сите предизвици од енергетската криза, за заштита на стандардот на домаќинствата и поддршка на стопанството.

Во тек е подготовка на нови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик за компаните и ќе бидат поддршка за семејните буџети на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ е тука за да им помогне на граѓаните и на компаниите и во енергетската криза, како што им помагаше во текот на пандемијата.

Благодарам