Изјава за медиуми, Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје
Почитувани,
Се што прави Данела Арсовска во првите месеци од мандатот е негрижа за грааните и Град Скопје.
Првата штетна одлука на Арсовска беше прекинување на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој.
На предлог на Арсовска управните и надзорните одбори на јавните претпријатиа и установи во Град Скопје се пополнија со кадри од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Данела Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра за да вдоми 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.
За само 10 дена Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнувач кој е крајно некомпетентен за функцијата што му е доверена.
Арсовска одби Градот Скопје финансики да го помогне субвенционирањето на парното греење и во сред криза ги игнорира проблемите на скопјани.
Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.
Арсовска две недели молчи и не одговара кој и со чии пари ја организрал и финансирал новогодишната ноќ на градскиот плоштад.
Ова е учинокот на Арсовска во првите месеци од мандатот.
Наместо работа, проекти, се што Арсовска прави е прекинување проекти, партизација на Градот и штури оправдувања за нејзиното не работење.
Скопје и скопјани не заслужуваат ваква градоначалничка.