Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Изминаа првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а таа не реализираше ниту еден свој проект.
Ниверлирање на една шахта и поставување на мобилни тоалети е досегашниот учиниок на Арсовска.
Но затоа Арсовска овие 82 дена ги искористи да ја партизира градската администрација во вработување на 109 партиски кадри, а на директорски позиции во Јавните установи и претпријатија постави докажани партиски функциионери од ВМРО-ДПМНЕ.
Еден од нив е и Златко Перински, сегашен директор на Водовод и канализација кој претходно беше шеф на кабинетот на Христијан Мицкоски.
Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а претходно го прекина проектот Бас рапид транзит за кој беа обебзедени пари од Европската банка за обнова и развој.
Додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија, Арсовска се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните.
Партизација на Градот, прекинување проекти и изземање од одговорност за своите надлежности е се што Арсовска направи во овие неполни три месеци од мандатот.
Исто како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска работи на штета на интересите на градот и граѓаните.
По првите 82 дена од мандатот, секому му е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје.