fbpx

Арсовска нема реализирано ниту еден проект, стопирањето на крупните проекти е на штета на скопјани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Еден час денеска потроши Данела Арсовска а не кажа ниту еден сработен, готов проект. Исто како што се празни првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема реализирано ниту еден, повторувам ниту еден конкретен, крупен проект.

Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен.

Обновата на Универзалната сала.

Бесплатниот превоз за скопјани.

Треба да бидат завршени реконструкциите на 10 тина улици.

Поминаа 82 дена од мандатот а наместо решенија и проекти, граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности.

Во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат:

Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари.

Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје.

Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ.

После 82 дена јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје

Скопје и неговите граѓани не заслужуваат неспособна градоначалничка како што е Арсовска.

Ви благодарам

 

Последни вести