Прес-конференција на СДСМ, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
Од март 80.000 работници ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари.
Тоа е зголемување за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесувала 8.800 денари.
Новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните.
Сериозен напредок има и во споредбата на висината на минималната плата со синдикалната потрошувачка кошничка.
Според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари.
Тоа значи дека за да се наполни оваа кошничка во 2014 година биле потребни четири минимални плати.
Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото зголемување на минималната плата, две минимални плати не само што се доволни за да се наполни синдикалната кошничка, туку остануваат и нешто помалку од илјада денари.
Може да се споредат и цените на горивата, без енергетска глобална криза, на пример во 2012 година, евросупер се продавал за 89 денари а сега, среде енергетска криза цената е меѓу најниските во Европла од 81 денар за литар.
За седум години, синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто, со што се покажува дека животниот стандард на граѓаните е заштитен и дополнително унапреден.
Ова, почитувани граѓани, е потврда за заложбата на СДСМ да го унапреди економскиот стандард на граѓаните и повеќе пари да завршуваат во семејните буџети.
Достојни плати, вреднување на трудот на работниците е нашиот приоритет на кој продолжуваме да работиме.