fbpx

Законските измени се за повисоки плати на наставниците, ВМРО-ДПМНЕ цела година блокира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани,

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ останува посветено на унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Следува ново зголемување на минималната плата, Законот е веќе во собраниска процедура и по неговото усвојување 80.000 работници веќе од први април ќе добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Тоа е зголемување за повеќе од двојно споредено со периодот од пред четири и пол години кога минималната плата во поедини индустрии изнесуваше 8.800 денари.

Растот на минималната плата неизбежно ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори.

Затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат речиси цела година.

Со цел да расчистиме со некои дилеми и намерно пласирани дезинформации во јавноста поврзани со овој Закон, би сакала да укажам што предвидуваат предлог измените во законот.

Имено министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

Оттука, паѓаат во вода лагите дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието.

Со усвојување на Законот за минимална плата и Законот за наставници имаме дополнително зголемување на платите на над 27.000 наставници во основното и средното образование.

За нас како парламентарно мнозинство интересите на граѓаните мора да бидат на прво место и ќе направиме се да постапката за усвојување на овој Закон продолжи и да овие измени бидат донесени и да имаме подобар животен стандард за наставниците и стручните соработници и покрај блокадите, деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Последни вести