Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани,
Судот го потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пресудите за Титаник се јасна потврда за злосторничкото здружение. За тоа како ја фалсификувале волја на граѓаните, за изборниот поткуп, злоупотреба на пари и институции, за незаконско финансирање изборна кампања.
По денешните пресуди, Христијан Мицкоски мора да поднесе оставка, заедно со неговиот Извршен комитет.
Станува збор за нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судските процеси, со судска пресуда за сторен криминал.
Во Титаник обвинети се и други некогашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски.
Мицкоски е некогашна десна рака на Груевски, негов советник и генерален секретар.
Во актуелното раководството на партија се луѓето на Груевски, како Александар Николоски и Владо Мисајловски. Но и луѓе за кои има други обиненија, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев.
Затоа Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлече.
Правдата мора да надвладее, пред законите, мора сите да бидат еднакви.
Апелираме за ефикасна истрага и завршница на процесите против сите поранешни и актуелни политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција.