Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На денешен, пред точно 2 години ја остваривме една од двете клучни национални стратешки цели – станавме полноправна членка на НАТО Алијансата.
Две години безбедни, сигурни и силни.
Македонското знаме гордо се вее пред седиштето во Брисел, а македонската Армија е рамо до рамо со најсилните армии во светот.
За жал, периодов со воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет се покажа колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена.
Но истовремено, тоа ни покажува колку е важно тоа што Северна Македонија е членка на НАТО, благодарение на тој успех, денес нашите граѓани можат да бидат спокојни затоа што ја уживаме заштитата на НАТО Алијансата.
Во услови на безбедносна криза гледаме колку е важно членството во НАТО.
НАТО значи безбедност и сигурност, неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата.
Од денешна перспектива се потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира одлуките во Собранието, Референдумот и Договорот од Преспа беа погрешни и на штета на државата.
Христијан Мицкоски му беше тешко да аплаудира во Собранието при ратификацијата на членството во НАТО.
Но и покрај опструкциите и деструктивноста на опозицијата успеавме и ја остваривме стратешката цел, заедно со граѓаните, со сите демократски сили во општеството.
Како што остваривме членство во НАТО, така ќе ја реализираме и втората стратешка цел, членство во ЕУ.
Со СДСМ државата оди напред и како државотворна партија продолжува да ги реализира стратешките цели.