Прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ
Почитувани граѓани,
Земјоделскиот сектор е најголем приоритет на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Во целиот овој период од почетокот на годинава, надлежните институции се ставени во полн погон со сите расположливи капацитети за да се реализираат програмските определби и да се дефинираат конкретни мерки за ублажување на кризата со јасни цели и видливи резултати.
На почетокот на годината, го најавивме Интервентниот фонд во земјоделството, со иницијален буџет од 250 милиони денари, во период кога сеуште немаше навестување од воени дејствија во Европа.
Во меѓувреме, по серија консултации со претставниците на различни потсекторски групи, а со цел да се помогне домашното производство на храна, буџетот на Интервентниот фонд се зголеми на 400 милиони денари, а институциите работат на воведување и на воведување нови интервентни мерки, со што ќе се обезбедат дополнителни буџетски средства, директно наменети за земјоделците.
Истовремено, продолжува праксата на редовна исплата на субвенциите.
Од почетокот на годината до сега, Платежната агенција реализираше над 1 милијарда и 260 милиони денари, односно над 20 милиони евра субвенции за лозарите, поледелците, производителите на млеко од прва фаза, за малите земјоделски стопанства и другите дополнителни мерки, а следуваат и исплатите на субвенциите и за тутунопроизводителите, овоштарите, како и за производителите на градинарски култури. За овие категории, ќе бидат одовоени околу 2 милијарди денари или вкупно со досегашните исплати ќе се реализираат над 50 милиони евра, директни плаќања кон земјоделците.
Во услови на криза и сериозни предизвици, ги отвораме сите можни механизми да им помогнеме на земјоделците. Владата предводена од СДСМ го исполни и ветувањето за брзо спроведување на исплатата на штети од елементарни непогоди за минатата година, која ги опфати општините Росоман, Демир Капија, Карбинци, Богданци и Ранковце. За овие општини, беа доделени и исплатени средства во износ од 41,2 милиони денари.
Грижата продолжува за сите подеднакво.
Почитувани, и покрај интервентните политики, Владата за земјоделците го поттикнува и развојот. Така, преку Програмата за рурален развој, беа склучени договори за финансиска поддршка за набавка на добиток. Преку мерката, беа склучени рекордни 103 договори за поддршка, со буџетска помош од 253 милиони денари за зголемување на сточниот фонд на државата со нови 3842 грла добиток.
Тоа е вистински развој на сточарството, тоа е поддршка која земјоделците ја заслужуваат.
Почитувани земјоделци, ве повикуваме да ги следите активностите на надлежните институции и да се информирате за сите можности кои ги нуди Националниот план за производство на храна, за партнерски да ги постигнеме зацртаните цели.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија секогаш ќе биде на страната на земјоделците!