fbpx

Данела Арсовски со чудни и неосновани тужби се обидува да ја сокрие неработата за 6 месеци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани представници на медиумите,

Денеска бев повикан на рочиште врз основа на тужбата којашто градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поднесе против мене. Од ова рочиште можеме да заклучиме три факти:
Првиот факт е дека госпоѓата Арсовска се обидува преку неаргументирани, недокажани тужби да го тргне фокусот од нејзиното неработење, од тоа што за 6 месеци немаат буквално никакви проекти, тоа што за 6 месеци не ги испорача работите и ветувањата којшто ги даде пред скопјани.

Вториот факт, факт којшто беше базиран врз основа на сериозен број на докази, аргументи, факти со којшто се укажува дека фирмите на градоначалничката имаат сериозен долг за струја, којшто секако беше аргументирано и поткрепено со низа докази и факти којшто доаѓаат и од ЕВН и од Централен Регистар.

Третиот факт е основата на тужбата којашто ја поднесе против мене, а тоа е дека градоначалничката Арсовска се чуствувала навредена и повредена и тоа што сум кажал дека била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ па оттука се легитимни прашањата којшто треба да ги поставиме, дали Данела Арсовска се чуствува навредено и омаловажено што била кандидат поддржана од ВМРО-ДПМНЕ?
Исто така заслужуваат граѓаните на град Скопје да знаат што се случува во овие 6 месеци, зошто не се испорачуваат ветувањата кон скопјани, зошто нема нови автобуси, зошто нема бесплатен јавен превоз, зошто не се завршуваат улиците Есенинова и Карангелески, зошто не се завршува мостот во Аеродром, зошто е градот нечист, валкан и сето тоа придонесува да има легитимни прашања на којшто градоначалничката треба да даде одговор.

Последни вести