fbpx

Шест месеци Стојковски не сработи ништо за Ѓорче Петров освен што се фали со проекти на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Кристијан Јовановски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров

Почитувани граѓани,

Развојот на општина Ѓорче Петров во последниве шест месеци го достигна својот минимум. Неспособноста и безидејноста се врвна агенда и приоритет на Александар Стојкоски.

Да не беа проектите на претходната власт, Стојкоски ќе немаше што да им презентира на ѓорчепетровци. Дури два пати го прошета и лидерот Мицкоски по улиците на Ѓорче Петров фалејќи се за нешто, за кое нема мрднато со мал прст.
Но, затоа градионачалникот силно се вложува да си ги згрижи своите партиски војници. Можеби нема пари за улици, фекална канализација и водовод, но мора да има граѓански пари за партиски вработувања. Жителите на Ѓорче Петров за оваа година од свој џеб дадоа 230 илјади евра, за Стојкоски да си ги вдоми своите партиски другари во општината.

Ѓорчепетровци преку исплата на даноци му подарија 6 илјади евра, за Стојкоски годинава да се гоштева со бајадери и најразновидни пијалоци.

Дарежлив е и кон советниците и подобни вработени во општината на кои им овозможува неколкудневни семинари во ексклузивни хотели во земјава.

Ете толку од сработеното за половина година.

Каде е Ѓорче без кал?! Со ниту еден метар асфалт и ниту една коцка поставен бехатон.

Прашуваме каде е зелената агенда?! Каде се 1 милион садници, пет мега паркови во Даме Груев, Волково, Пржина, Мирче Ацев и реконтрукција на постоечкиот, 600 клупи, 600 корпи или тоа се надоместува со неискосена трева висока и по еден метар!

Не гледаме дека нешто се прави околу обезбедување на уште една сообраќајница и поврзување на руралниот дел од Ѓорче со градот. Нема ништо од кружен тек на Македонска војска, пробивање на Лука Геров кон Стопански Двор, пробивање на пешачката патека на кејот од Хром, до Карпош.

Пред да ги изгради градинките во Хром, Ново Село и во урбаната заедница Ѓорче Петров, го повикуваме Стојкоски да ја отвори веќе изградената во Волково и да ја намали листата на чекање на повеќе од 500 дечиња.
Нема ништо ниту од најавените субвенции за велосипед, електричен тротинет, читална и билблиотека. Културата и младите се мисловна именка во Ѓорче Петров.

Почитувани,

За жал, долг е списокот на она што ветуваше Стојкоски а за кое нема ниту абер да се отпочне со реализација.
Ова е неодговорно и расипничко однесување.

Четри години Ѓорче беше едно големо градилиште и се работеше со полна пареа. На Ѓорче му треба тоа темпо.

Господине Стојкоски, ветувавте дека ќе бидете градоначалник за сите, а не само за вашите партиски војници, ветувавте работа, а добивме антагонизам.
Мора да работите за подобрување на условите за живот во Ѓорче Петров, а СДСМ е секогаш тука да помогне во таа мисија.