fbpx

ДКСК да постапи по незаконското поставување на Велковски за секретар на Град Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Огромен скандал е назначувањето на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје од страна на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Поставувањето на Велковски на оваа позиција е очигледно прекршување на законите, односно спротивно на член.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Велковски во исто време е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен надомест од околу 18.000 денари.

Неговата плата во Град Скопје е околу 50.000 денари, што значи дека Велковски од парите на граѓаните месечно добива околу 68.000 денари.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по ова очигледно прекршување на законите, случајот да биде расчистен а одговорните да бидат соодветно санкционирани согласно законите.

Велковски мора или да биде разрешен од функцијата Секретар на Град Скопје или да го врати советничкиот мандат, а Арсовска мора да одговара за ваквото незаконско и самоволно постапување.

Уште еднаш се докажа дека освен груба партизација на градската администрација, Арсовска ништо друго не работи.

ВМРО-ДПМНЕ не се менува, продолжува со истата режимска матрица, продолжува да ги прекршува законите и да работи на штета на граѓаните.

Последни вести