fbpx

Откако темата со изборите е затворена до 2024 година, Мицкоски да се откаже од блокадите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Сега, откако темата за парламентарните избори е затворено прашање до 2024 година, Мицкоски треба да се откаже од натамошни блокади и опструкции.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени.

Примери низ светот има бројни, во време на глобална криза, опозицијата и власта треба заедно да работат во интерес на граѓаните а не опозицијата да блокира, да кочи и опструира. Тоа го нема никаде освен кај ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа повикуваме на разум, ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски.

Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза.

Впрочем оваа порака граѓаните му ја испратија директно на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.

Јасна е пораката на граѓаните до Мицкоски: не сакаат блокади и опструкции туку очекуваат одговорност од сите партии.

Граѓаните се против блокади и деструкции и очекуваат решенија за проблемите предизвикани од светската економска криза.

Таа порака Мицкоски мора да ја прими да постапи во интерес на граѓаните а не да води инает.

Последни вести