fbpx

Крваво сценарио на Мицкоски со неговите коалициски партнери кое не успеа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани,

Мицкоски не е никаква жртва туку режисер на крваво сценарио. Крваво сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, крваво сценарио кое не успеа.

Мицкоски не беше вечерва мета туку ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните.

Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција.

Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока.

Погледнете за кого станува збор, веќе МВР го приведе ова лице. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје.

Повторувам, станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска
ВМРО ДПМНЕ не се менува, Микоски не се менува.

Погледнете ги фотографиите.
Данела е на секоја втора фотографија.

Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое вечерва не успеа.

Воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните.

Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремин се да ја запалат цела држава. Е тоа нема да го дозволиме.

Почитувани, не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано.
Граѓаните никако да не подлегнувааат, апелираме на смиреност а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот.

Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени.

Последни вести