fbpx

За европско Тетово, ООУ А.С. Ќиќиш за прв пат од своето постоење доби модерна спортска сала

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани

СДСМ ја реализираше долопосакуваната цел, едно од најстарите основни училишта во Тетото А.С.Ќиќиш да добие спортска сала и тоа за прв пат од своето постоење.

Горди сме што учениците во новата учебна година ќе можат во современи услови да ги одржуваат часовите по физичко и здравствено образование, како и голем број воннаставни активности.

Салата е изградена во рамките на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали во Р. С. Македонија“. Проектот, со вредност од над 4 милијарди денари е финансиран од Буџетот на на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Со изградбата на спортската сала СДСМ придонесе да се унапреди училишниот спорт, како битен сегмент за здравјето и здравите навики на учениците .

Со СДСМ Тетово ќе се развива како модерна, европска општина.

Затоа, на 20 август излезете на избори и дајте поддршка на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Да гласаме за број 1, за европско Тетово!

Последни вести