fbpx

На 20-ти август за број 1, за европско- спортско Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Дарко Богатиновски, член на СДММ

Почитувани,

Тетово нема парк, ама нема ни спортски центар, стариот наш миленик премина во приватна сопственост со ограничени можности за негово користење од граѓаните. СДСМ во својата програма за локалните избри има решение. Тука на местото позади стариот спортски центар, да се изгради нов во ексклузивна сопственост на граѓаните на Тетово.

Нов урбан и модерен спортски центар со детски реквизити, простор на кој најмладите ќе ги завртат за прв пат велосипедските тркала, ролери, тротинети. Терен за уличен баскет и мал фудбал. Заобиколен со модерна атлетска патека, современи реквизити за уличен воркаут и парк за миленичиња.

Просторот е реален, постои и чека на нас.
Заедно со новоизградениот базен целосно ќе го заокружиме спортскиот комплекс кој ќе претставува место за рекреација, подобрување на здравјето и промотор на спортски таленти.

Ја имаме поддршката на Агенцијата за спорт и млади која ќе помогне во реализацијата, потребно ни е и влијанието во советот. За тоа вие ќе ни помогнете.

Во сабота на 20-ти август за број 1, за европско – спортско Тетово!!!!

Последни вести