Изјава за медиуми, Живе Алексовски, претседател на ОО СДСМ Тетово
Почитувани тетовчани,
Покрај многуте досегашни странски инвестиции, овојпат токму во нашиот град пристигнува компанијата за производство на електрични автомобили “Next e. go Mobile” која ќе се изгради во Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово.
Почетната инвестиција, вредна 130 милиони евра, покрај развивање на домашната економија, отвора и можност за нови работни места.
Членството во НАТО и отворањето на пристапните преговори со ЕУ, го даваат својот резултат, а инвестициите од ваков карактер и ваков габарит, несомнено носат економски бенефит за Тетово и тетовско.
Како дел од мнозинството на Советот на Општина Тетово, ќе се посветиме во унапредување на економскиот раст и развој, повисок животен стандард, а со самото тоа и обезбедување на подобра иднина на граѓаните.
Потребна ни е вашата поддршка, во сабота на 20ти август, со заокружување на бројот 1, да го избереме најдоброто за нашата општина. За европско Тетово!