fbpx

Бројните реализирани инфраструктурни проекти се потврда за нашата заложба за европско Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стојанчо Трипуновски, кандидат за советник на советничката листа на СДСМ и коалицијата

Почитувани тетовчани,

Уредувањето на кејот на нашата Пена, каде истата доби свој препознатлив изглед и убавина со комплетното осветлување и кој тетовчани можат да го користат во слободното време за спорт и рекреација, е само еден од многуте проекти, кои ги реализиравме како дел од претходната Локална власт.

Пробивањето на булеварот Благоја Тоска, реконструкција на улицата Страшо Пинџур, решавањето на горливиот децениски проблем со реконструкцијата на улицата Гоце Делчев, до пробивањето на булеварот Видое Смилески Бато и реконструкција на главната улица во с. Сараќино, се само дел од инфраструктурните проекти, кои со помош на Владата, предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија беа реализирани за унапредување на локалната инфраструкура за граѓаните на Општина Тетово.

Целосното реконструирање на патот Тетово – Попова Шапка, веќе ја покажуваат својата инфраструктурна придобивка, како за општината, така и за целата средина, правејќи ја подостапна за местата кои се поврзуваат.

Важно е да се напомене и планираната реализација на повеќенаменското спортско игралиште во населеното место Сараќино, чие отпочнување на изградба ќе започне за скоро време и за кое веќе се обезбедени средства од Агенцијата за млади спорт.

Како кандидат за советник од листата на СДСМ и Коалицијата ,,Најдоброто за Тетово”, можам со сигурност да кажам дека сите овие досегашни проекти, нè охрабруваат од вас да ја добиеме поддршката за овие вонредни локални избори.

Во сабота на 20 ти август, да излеземе и гласаме за подобро, модерно, европско Тетово.

Последни вести