Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски
Денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се сретна со жителите на Аџиевци.
Ова населено место во општината Маврово и Ростуше, после подолго време ќе добие нова видовидна мрежа, проект вреден блиску 400 000 евра и е втора најголема инвестиција во Маврово и Ростуше.
Аџиевци веќе ги чувствува придобивките од проектите кои ги реализираше кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски.
Изграден е нов локален пат со кој се поврзуваат населените места Присојница и Аџиевци во вредност од над три милиони денари. Со ова значително се олесни комуникацијата меѓу овие две населени места, изграден е потпорен ѕид на локалната улица, со што се обезбеди поголема сигурност при движењето на жителите.
Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, планирана е изградба на обиколен пат, уредување на спортски терен, реконструкција на училишната зграда и чистење и уредување на диви депонии.
Нема посилен аргумент од исполнителноста на Медат Куртовски. Медат докажа дека работи за секое едно населено место во Маврово и Ростуше, дека не ги дели граѓаните на ваши и наши, и токму затоа на 20 август ќе ја добие поддршката од жителите на Аџиевци и цело Маврово и Ростуше”,” порача Ковачевски.