fbpx

На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Глигорије Стојановски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата

Драги мои сограѓани, драги тетовчани,

Помина цела кампања за избор на Советници во нашата општина. Ова е моја прва кампања, и со задоволство можам да се пофалам дека ова за мене претставуваше едно мое лично, големо животно искуство.

Директно и непосредно бев со вас – граѓаните на мое Тетово. Имаше низ кампањата многу насмевки, ветувања, поздравувања, анегдоти, и секоја средба, со секого поединечно, беше своја приказна. Заеднички низ смеа знаевме да си ги кажеме маките кои нè тиштат и опкружуваат.

Знаеме, и сме свесни дека нашиот град Тетово има многу специфичности. За да се вложиш во неговото унапредување не е само привилегија туку и обврска. Вие, ми дававте сила низ целата кампања да станам уште поодлучен во намерата. А, намерата ни е јасна. Тетово да продолжи да се гради инфраструктурно, да се развива од сите аспекти на општественото живеење, и сето тоа во духот на мултиетничноста.

Јас, како социјален работник и дел од културата во Тетово, можам само да ви гарантирам дека максимално ќе се трудам да ги исполнам заложбите за кои ви говорев.

Затоа, ве повикувам сите до еден, да ја искористиме заедничката можност и Тетово да го направиме место за пофалба и респект. Мора да ја промениме досегашната бледа слика на градот.

Таа можност ќе ја овозможиме само доколку на 20ти август излеземе масовно, и гласаме за бројот 1. Тука сум за вас.

Нека европско Тетово го почувствуваме сите!

Последни вести