fbpx

Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Маја Стојковска, советничка во Советот на општина Ѓорче Петров

Почитувани,

Ова зад мене, беше депонија со големина колку 11 фудбалски игралишта, која што градоначалникот Стојкоски, според овој документ, наводно успеал да ја исчисти со само 8 камиони отпад депониран во Дрисла.

Заради одговорноста која ние како советници ја имаме кон граѓаните повторно го прашуваме градоначалникот Стојкоски.

Дали депонијата е навистина исчистена со само 8 камиони депониран отпад, или ѓубрето е затрупано на самата локација?

Дали паркот што го промовирате ќе се гради врз контаминирана почва која ќе претставува темпирана еколошка бомба?

И дали свесно го ризикувате здравјето на граѓаните и нашите деца?

Како советничка група овие прашања ги поставивме на 15тата седница на советот до градоначалникот и општинската администрација, и после 2 месеци, до денес, се’ уште немаме никаков одговор.

Затоа ќе поднесеме претставка до инспекторатот за животна средина за да испита дали е загрозено бунарското подрачје на Лепенец, врз какво земјиште ќе се гради најавуваниот парк и дали истиот ќе претставува опасност по здравјето на граѓаните.

СДСМ и колацијата ги поддржува сите проекти кои се од суштинско значање за граѓаните и овозможуваат подобар живот на ѓорчепетровци, но нема да дозволиме површно работење и прикривање на сериозни проблеми, најавувајќи ги во јавноста како мега проекти.

Последни вести