fbpx

Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, двојна победа на Ковачевски, Мицкоски доживеа пораз на изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

На вонредните локални избори граѓаните испратија силни пораки дека сакаат напредок, европски вредности и не сакаат блокади, деструкции и лаги.

Затоа на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев им се случи нов изборен пораз. Ковачевски го победи Мицкоски на првото изборно соочување.

ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица доживеаја изборен дебакл.

Двојна победа на СДСМ и коалицијата во двете општини каде што имаше избор на градоначалници, Центар Жупа и Маврово Ростуше. И драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотраше изборите, надевајќи се дека ќе проpаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови.

Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има драстичен и постојан пад на гласовите. Од речиси 6.000 гласови во 2017 година на 3.000 гласа на вонредните избори сега.

СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово кадешто има над 80.000 гласачи.

А Левица, прорускиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ не освои ниту еден советник во Тетово, нула.

Почитувани,

Се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните а анкетите што ги нарачуваат се неточни и погрешни.

Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, сите деструкции на Мицкоски и Апасиев и сите нивни погрешни политики на штета на државата.

Со својот глас за СДСМ и коалицијата, граѓаните покажаа дека знаат да ги препознаат вистинските политики, застанаа зад вистинските луѓе и зад вистинскиот, европски концепт.

Последни вести