fbpx

Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Со државнички политики направивме историски исчекор во остварување на стратешката цел поставена уште од независноста: започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ.

Се одржа и првата Меѓувладина конференција, подготвена е структурата за преговори за пристапување со ЕУ. Нашата цел е до 2030 година да ги завршиме преговорите.

Она што е исклучително важно е дека ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, македонски јазик и посебност.

Тоа е потврдено на официјалните канали на ЕУ, каде јасно стои македонскиот јазик, како и во изјавите на сите високи претставници од Унијата.

Пропаднаа буквално сите лаги на Мицкоски. Не само што нема ниту бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со заштитен македонски идентитет и јазик.

Откако му пропаднаа сите лаги и обиди за дестабилизација, за блокирање на европската иднина на државата Мицкоски измислува нови форми за нови блокади.

Оваа иницијатива на Микоски е Референдум против членство во ЕУ, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Иницијатива за негова внатрешна употреба, која нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее.

Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.

Колку е очаен и лицемерен покажува фактот што токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.

Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа. Иако и за овој договор лажеше дека ќе го загрози идентитетот што се покажа дека не е така.

Почитувани, два политички концепти има во нашата земја.

Едниот, мозински, предводен од СДСМ и коалицијата којшто е за членство во ЕУ и вториот, на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица којшто е против Европската унија.

Проевропскиот политички концепт носи напредок, интеграција, економски развој а антиевропскиот: блокади, тензии, деструкции и враќање назад.

Заедно со граѓаните, европската коалиција нема да дозволи државата да застане ниту да се врати назад. Мицкоски не може да ја спречи европската иднина.

Последни вести