fbpx

Сопствената вина за немањето ужина и топол оброк Муцунски ја префрла кај директорите кој тој ги поставил

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Муцунски покрај тоа што ги остави без ужина и топол оброк учениците во основите училишта во Општина Аеродром, сега вината за тоа ја префрла на директорите на училиштата.

Муцунски ги пушти низ вода директорите кои сам ги поставил, од кои тројца се в.д. директори што се директно назначени од негова страна и само со негов потпис.

Доколу Муцунски смета дека директорите на училиштата се виновни за немањето ужина и топол оброк во училиштата, тогаш зошто не побара нивна смена? Зошто Муцунски ја префрла својата одговорност за лошото менаџирање со општината врз директорите на училиштата?

Неспособноста на Муцунски нема крај, хаосот и неорганизираноста на општината стануваат секојдневие.

Зошто и покрај планираните набавки, досега тие не се спроведени? Зарем Муцунски не ги праша директорите дали се подготвени училиштата за почеток на новата учебна година. Оттука го прашуваме Муцунски чија е одговорноста?

За потсетување, во времето во кое со општината манеџираше СДСМ и Златко Марин училиштата имаа обезбедено ужина и топол оброк навремено. И покрај тоа, во време на пандемија локалната власт предводена од СДСМ обезбеди од општинскиот буџет субвенционирање на топлиот оброк за сите ученици во износ од 500 денари/месечно.

Муцунски преку Демант повотрно се служи со лаги, бидејќи и денеска во училиштата состојбата е непроменета.

Денес, се соочуваме со врвот на неодговорност од страна на Тимчо Муцунски. Учениците ја почнаа учебната година без ужина и топол оброк, родителите секојдневно бараат одговори, но очигледно одговорот е само лаги и манипулации.

Го повикуваме Муцунски веднаш да излезе пред јавноста и да даде одговори кои им ги должи на родителите во однос на набавката за ужина и топол оброк во училиштата.

Последни вести