Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Повеќе од една недела ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во спорните тендери од над 136 милиони евра.
Фатени со рацете во медот, молчат и за други пропаднати проекти.
Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен градоначалник на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Само за да контролира бизниси и влијанија, или со нивниот речник кажано, да ги брца рацете во медот.
На изборите во 2020 година Мицкоски побегна од листите, не беше носител во ниту една изборна единица. Кукавички, самиот се прогласи за шпицен кандидатат и ја смести неговата редовна жртва, Александар Николовски да го крепи изборниот пораз.
Типично за најголемата полтичка кукавица во земјава. Цел живот се влече на нечиј грб.
Несигурен во себе и во своите пратеници, ги присилуваше дури да потпишат незаконски нотарски изјави дека ќе му бидат верни.
Уплашен за сопствената фотелја шпицниот градоначалник секогаш ги гледал своите лични и бизнис интереси на ВМРО тендерска ДПМНЕ.
За Мицкоски никогаш не бил важен интересот на граѓаните.
И тоа е она што денеска граѓаните го гледаат. Ова е вистинскиото лице на Христијан Мицкоски и оваа стара, нереформирана, криминална партија.
Кулминација на внатрешни превирања и корупциски скандали вредни над 136 милиони евра со заеднички именител- пари.
Ништо не е сменето во ВМРО тендерска ДПМНЕ, Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник, Никола Груевски.
Тоа е тендерската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие не се менуваат, само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат.