Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани,
Во ВМРО-ДПМНЕ сами се фатија со рацете во медот, за спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица во Скопје.
Градоначалничката која ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа и поранешниот шеф на кабинет на Христијан Мицкоски, Златко Перински со денови меѓусебно се обвинуваа за спорниот тендер, за влијанија, за раце во медот, за пари.
Додека пак Мицкоски 10 дена молчи за неговата улога во овој тендер, вреден 136 милиони евра.
Надлежните институции веќе постапуваат по допрен глас.
Сканадалот за тендерот вреден 136 милиони евра мора до крај да се истражи и да се утврди улогата на Мицкоски.
Јавноста знае дека токму Мицкоски ја промовираше Арсовска, токму тој ја пречека во Белиот дворец на денот пред изборите и токму тој во нејзино име преговараше за набавка на електрични автобуси.
Мицкоски кој на изборите во 2020 година беше шпицен кандидат за премиер, денес е шпицен градоначалник кој се меша во работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
И сето тоа не заради граѓаните туку за лични интереси, и спас на фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.
Криминални тендери, партизација, расипничко трошење на народните пари во време на криза, тоа ја одбележа првата година од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту во Скопје ниту во која било скопска општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ, досега нема реализирано ниту еден крупен и важен проекти за граѓаните.
И не само што нема нови, туку прекинати се и веќе започнати проекти од претходните градоначалници.
Сето тоа е потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа е истата режимска, криминогена партија која дејствува на штета на граѓаните.
Јавноста тоа го гледа и соодветно ќе го цени.