fbpx

Мицкоски се уште молчи за неговата улога во спорниот тендер, институциите до крај да го расчистат случајот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари, 

Додека Христијан Мицкоски молчи, јавноста очекува одговори за неговата улога во сомнителниот тендер од 136 милиони евра наменети за пречистителната станица во Скопје. 

Токму овој тендер беше причината за кавгата помеѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и директорот на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, двајцата кадри на Мицкоски. 

Перински беше шеф на кабинетот на Мицкоски, а Арсовска негова кандидатка кој тој лично ја промовираше пред локалните избори.

Токму Арсовска во јавноста посочи дека Мицкоски имал повеќе информации за деталите од тендерот, нешто што тој не би смеел да го знае, имплицирајќи негова директна вмешаност во тендерот. 

Затоа, надлежните институции мора да го расчистат овој случај, да ги земат предвид сите аспекти и да се лоцираат одговорните. 

Некогашниот шпицен кандидат за премиер, Мицкоски, сега изигрува шпицен градоначалник за да се меша во тендери, за да има влијание и да остварува лични интереси и интересите на одредени бизнис групи. 

Тоа е уште еден доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник, Никола Груевски. 

За таквото неодговорно, нечесно однесување на Мицкоски, тој одново ќе биде казнет од граѓаните. 

Последни вести