Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Со одговорни, државнички политики СДСМ ги остварува македонските стратешки, национални цели, поставени уште од независноста.
Станавме членка на НАТО и започнавме преговори со Европската унија, со заштитен македонски идентитет, посебност и јазик.
Во моментов имаме 45% усогласено законодавство со ЕУ, имаме преговарачка структура, главен преговарач, со реална цел до 2030 година да бидеме полноправна членка на Унијата.
Во време на глобална и економска криза, владата предводена од СДСМ презема навремени мерки за обезбедување на храна и енергенси како и заштита на стандардот на граѓаните.
Додека СДСМ води државнички политики за граѓаните, гледаме опструкции, блокади, сопки од криминалната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.
Фатени со рацете во медот, за тендери вредни над 136 милиони евра само се потврдува дека за ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник се важни само личните и бизнис интереси.
Затоа се сите опструкции, блокади, кочење на државата и работата на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ беа против преспанскиот договор и зачленувањето во НАТО, сега се против ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со својот проруски партнер Левица се обидува да го запре процесот на евроинтеграциите.
Не бираат средства и начин, па макар тоа било на сметка на стратешките интереси на земјата. За нив се важни само парите, провизиите и личното богатење.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата стара, нереформирана и криминална партија.
СДСМ нема да дозволи блокада на државата, продолжуваме по европскиот пат.
А на криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно како ден: секој што го прекршил законот ќе да одговара пред надлежните правосудни институции.
Благодарам