Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани,
Во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ донесе неколку одлуки и мерки за стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси.
Обезбедени се пари, ќе има доволно за сите потреби од енергенси и топлинска енергија.
Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја. Со ова, обезбедивме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима. Со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја, иако тоа беше обврска на општините.
Граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја.
Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80%.
Субвенционирањето од 80 отсто на сметката за струја за граѓаните продолжува за над 600.000 домаќинства.
Над 70.000 компании и други правни субјекти со годишен промет до два милиони евра добиваат субвенционира електрична енергија, три пати пониска од берзанската.
Болниците ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската.
Парно за главниот град ќе има. Донесена е одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар.
Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците. Се грижиме за сите подеднакво.
СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи продолжува со креирање на мерки и политики кои ги штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат сигурно и непречено снабдување со енергија во време на светска енергетска криза.