fbpx

Каде ќе завршат парите од тендерот распишан за замена на водоводна и канализациона мрежа на улиците во нас.Автокоманда, Златка Илиева Иванова

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фатен во сопствените лаги и глумење наводна загриженост за граѓаните од населба „Автокоманда“, Јорданов уште еднаш ја покажа неговата и неспособноста на тимот околу него.
Жителите на улиците „Солидарност“, „Петти Конгрес“ и „Браќа Даневи“ викендов немаа чиста вода за пиење и газеа во кал и прашина.
Во интерес на вистината, го прашуваме Јорданов да одговори пред штипската јавност:
• Кој врши промена на водоводната и канализациона мрежа на улиците во населба „Автокоманда“?
• Зошто Јорданов распишал тендер за фирма која би ги вршела овие активности, кога веќе постои јавно комунално претпријатие основано токму за таа цел?
• Кога веќе ангажирал приватна фирма, зошто цело време додека се одвиваат работите на терен во нив интензивно се вклучени и голем број вработени во ЈП „Исар“, како и значителен дел од механизацијата на двете јавни претпријатија?
• И кога веќе ЈП „Исар“ работи на терен, тогаш каде ќе завршат парите од тендерот распишан за овие активности?

Последни вести