fbpx

Нови мерки за помош на компаниите и граѓаните и нови странски инвестиции за надминување на кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски со вистинска грижа за граѓаните и компаниите во време на светска економска и енергетска криза.

Компаниите производители на основни производи како брашно, леб и пекарски производи, масло за јадење, млеко и млечни производи ќе се снабдуваат со поевтина електрична енергија.

За овие компании, цената на електричната енергија ќе биде 80 евра за мегават час, што е за повеќе од двојно поевтино отколку актуелната цена.

Ова, треба да резултира со намалување од најмалку 10 отсто на крајната цена за потрошувачите на овие производи.

Во време на светска економска криза, особено е важно намалувањето на невработеноста и отворањето на нови добро платени работни места.

Само во последниов месец, се отворија неколку нови фабрики, нови инвестиции од областа на енергетиката и автомобилската индустрија.

Американската компанија од автомобилската индустрија Кемет Електроникс, отвори нова, втора фабрика и сето тоа заради поддршката и условите кои ги добива во нашата држава.

На долг рок тоа ќе значат вкупно 1.000 вработувања, со високи нето плати за вработените.

Новата инвестиција на канадската компанија Магна исто така носи околу 1.000 работни места до 2024 година, а странската инвестиција на двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив е во висина од 30 милиони евра.

И во време на светска економска и енергетска криза, нашата економија е препознаена како конкурентна и атрактивна за нови странски директни инвестиции.

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, продолжува со креирање мерки и политики за полесно надминување на негативните последици и враќање на економскиот раст на ниво од пред кризата.

Последни вести